Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Заштитата на преселните патишта во фокусот на научната заедница на Глобалниот самит во Најроби: Секоја деветта птица-преселница во светот е во ризик од исчезнување 

Дури 45 % од преселните видови птици се во опаѓање, секој деветти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дури 45 % од преселните видови птици се во опаѓање, секој деветти вид е загрозен од исчезнување, а меѓу најзагрозените се морските и крајбрежните птици, кои зависат од морските живеалишта, шумите и крајбрежните влажни подрачја, стои во најновото издание на извештајот „Состојбата со птиците во светот“, кое беше претставено на неодамнешниот Глобален самит за преселните патишта (7-11 септември, Најроби, Кенија).

Извештајот се објавува на секои четири години, а ова е првото издание посветено на преселните птици и преселните патишта од кои тие зависат. Во него јасно се наведува дека опаѓањето го предизвикува човекот со своите активности: користење инвазивни видови, интензивирање на земјоделството, неодржлив лов и климатски промени. Од друга страна, се посочува и дека кога земјоделските, риболовните и практиките на користење на земјиштето се адресираат по должината на целиот миграторен пат наместо само на одделни локалитети, тогаш популациите на птици реагираат позитивно.

„Преселните птици се чувари на состојбата на природата, а нивното опаѓање укажува на зголемениот притисок врз природните системи од кои зависиме. Но, науката исто така јасно покажува дека заштитата функционира: координираните активности може да спречат исчезнувања и да го помогнат обновувањето на популациите. Решенија постојат: она што сега е потребно е да се применат по должината на целиот миграторен пат“, вели д-р Стјуарт Бучарт, главен научник во „Брдлајф интернешенл“ и главен уредник на извештајот.

Реклама

За време на Самитот, многубројни лидери, научници и организации за заштита на природата ја потпишаа најробиската декларација за преселните патишта. Уважувајќи ја реалноста дека преселните птици ги преминуваат границите и континентите и дека нивниот опстанок зависи од активностите на многубројни чинители по должината на целиот преселен пат, а не од изолирани национални напори, оваа декларација истовремено ги обврзува владините тела, научната фела, граѓанскиот сектор и финансиските институции да ги засилат напорите и соработката за заштита на преселните птици и нивните живеалишта независно од државните граници.

„Извештајот е недвосмислен: ги губиме преселните птици со алармантна брзина. Но, денешната Најробиска декларација претставува пресвртница“, вели Мартин Харпер, главен извршен директор на големата меѓународна мрежа „Брдлајф Интернешенал“, која беше и коорганизатор на настанот. „Брдлајф Интернешенал“ е единственото глобално партнерство посветено на заштитата на птиците и на целиот жив свет на нашата планета со дури 125 партнери во 120 земји. Меѓу нив, поради своите долгогодишни напори за заштита на птиците и живеалиштата во земјава, од 2018 година се вбројува и Македонското еколошко друштво (МЕД).

„Да се биде дел од Глобалната средба на партнерите на ‘Брдлајф‘ за мене беше навистина нешто посебно. Споделувањето на искуства, учењето едни од други и чувството дека она што го правиме локално придонесува кон глобалните напори за заштита на птиците и нивните живеалишта ми даваат огромна гордост и надеж. На Глобалниот самит за преселните патишта уште еднаш се потсетивме дека птиците преселници не познаваат граници – тие ги поврзуваат луѓето, земјите и континентите, а само заедно можеме да ги зачуваме нивните преселни патишта. Нашата наука и знаење мора да бидат поддржани со силни заедници, одговорен бизнис и политичка волја – и токму во оваа извонредна мрежа ги гледам силата и надежта дека можеме да направиме вистинска промена“, изјави извршната директорка на МЕД м-р Робертина Брајаноска, која на Самитот беше изгласана за членка на Советот на „Брдлајф“ за Европа и Централна Азија.

На Самитот присуствуваа и високи претставници на Светската Банка и на регионални развојни банки, што претставува сигнал за досега невидена институционална посветеност. Три мултилатерални развојни банки ја интегрираат заштитата на преселните патишта во своите рамки на финансирање, со што вкупните обврски преземени од 2021 година надминуваат 6 милијарди долари. Заедно, овие чекори претставуваат значаен исчекор кон координиран глобален одговор за зачувување на преселните патишта, со што неминовно ќе им се обезбеди поддршка и на милионите луѓе кои зависат од овие екосистеми.