Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сали: Има напори за усвојување на Изборниот законик, меѓутоа тоа сè уште е во фаза на преговори

Усвојувањето на Изборниот законик од страна на сите политички партии сè уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Усвојувањето на Изборниот законик од страна на сите политички партии сè уште е во фаза на преговори. По промената во Министерството за правда, има напори за усвојување на овој закон – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, кој денеска одговараше на новинарски прашања на теми европска интеграција и реформи за нашата земја. 

– Вие знаете, тој закон беше едногласно прифатен од повеќе политички фактори, да кажам политички партии, кои се дел од Собранието, меѓутоа во последен момент се повлекоа две политички партии, не ги поддржаа овие измени. По промената во Министерството за правда, веќе има напори за усвојување на овој закон, меѓутоа тоа е во фаза на преговори сè уште – изјави Сали. 

Прашан дали се работи и на Кривичниот законик, вицепремиерот Сали одговори потврдно и посочи дека новиот министер за правда е посветен и на тоа. 

Реклама

​- Новиот министер е посветен и на Кривичниот законик, така што сметам дека тоа се закони што бараат поширок консензус и поддршка од повеќе нивоа. Министерот работи и се надевам дека ќе успее да се реализира крајната цел – истакна Сали пред почетокот на меѓурегионалната средба на главни преговарачи и претставници надлежни за евроинтеграција од земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, како и од Европската комисија и меѓународните партнери.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: