Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија – 60 млади од целата држава во Дојран

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со генералниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија во Дојран. 

Од 14 до 18 септември на Школата учествуваат 60-ина млади на возраст од 15 до 29 години од целата земја.

Летната школа е организирана од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Реклама

Во текот на петдневната програма младите учесници од разни делови на државата ќе имаат можност преку интерактивни, едукативни и спортски активности да стекнат нови знаења и практични вештини во повеќе области, меѓу кои комуникација, тимска работа, лидерство, социјална инклузија, личен развој и вработливост.

Посебен фокус во програмата е ставен на пристапот „Спорт за развој“, преку кој спортот се користи како алатка за учење, градење доверба и соработка, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и развивање на лидерските способности кај младите.

Целта на Националната младинска летна школа е младите да не бидат само учесници во неколкудневна програма, туку од Дојран да заминат со нови контакти, конкретни знаења и вештини, поголема самодоверба и мотивација за активно учество во своите заедници.

Министерството за социјална политика, демографија и млади заедно со своите партнери продолжува да создава и унапредува можности за младите од целата држава да се поврзуваат, да учат, да разменуваат искуства и непосредно да учествуваат во процесите и активностите што се од значење за нивниот личен и професионален развој.