Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

За 15 дена пролонгиран рокот за пријавување на Јавниот повик за независни национални и меѓународни експерти

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ за 15 дена го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ за 15 дена го пролонгира рокот за доставување на апликации на Јавниот повик за изразување интерес за независни национални и меѓународни експерти за евалуација на проектни предлози. Крајниот термин сега е 2 октомври 2026 година.

Целта на овој повик е да се селектираат експерти со цел воспостаување на Регистар на независни експерти-евалуатори на “Скопје 2028”.

Повикот е отворен за независни професионалци и експерти од земјата и од странство, а ќе бидат ангажирани, согласно потребите на одделните јавни повици, за спроведување независна, објективна, стручна и непристрасна евалуација на проектните предлози поднесени во рамките на програмските линии и јавните повици за реализација на уметничката и културната програма на „Скопје 2028“.

Реклама

Особено ќе се земат предвид експерти со искуство во програмите на Европската Унија, „Креативна Европа“, Европска престолнина на културата (ECoC), меѓународната културна соработка, грантови и шеми за финансиска поддршка и независна евалуација на проекти.

Вклучувањето во овој регистар не претставува засновање работен однос со Фондацијата и не гарантира конкретен ангажман. Експертите ќе бидат ангажирани согласно потребите на програмата и одделните јавни повици, нивната стручност, расположливост и непостоењето судир на интереси. Секој конкретен ангажман ќе биде регулиран со посебен договор.

За дополнителни информации посетете го сајот на Фондацијата https://skopje2028.mk/mk/call-for-expressions-of-interest-for-independent-national-and-international-experts-for-the-evaluation-of-project-proposals/