Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Лекарската комора одбележа 90 години од раѓањето на нобеловецот со македонско потекло, проф. д-р Ферид Мурад

Лекарската комора на Македонија организираше настан по повод одбележувањето значаен јубилеј –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекарската комора на Македонија организираше настан по повод одбележувањето значаен јубилеј – 90 години од раѓањето на еден од најголемите научни умови во современата медицина, нобеловецот проф. д-р Ферид Мурад, чии корени потекнуваат од нашата земја.

На настанот присуствуваа министерот д-р Беким Сали, претставници на здравствените институции и лекари кои заеднички му оддадоа почит на човекот чии откритија ја револуционизираа светската кардиологија и фармакологија.

Во своето воведно обраќање, претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакна дека делото на проф. д-р Мурад претставува трајна инспирација за целокупната медицинска фела и дека Комората е исклучително горда на неговиот глобален придонес, но и на неговата нераскинлива врска со нашата земја.

Реклама

„Проф. д-р Ферид Мурад не беше само исклучителен лекар и истражувач, туку пред сè, тој беше визионер. Неговото откритие покажа дека и најобичните молекули можат да имаат клучна улога во нашето тело. Но, она што нас нè прави особено горди е неговото потекло од гостиварскиот крај и фактот што тој никогаш не ги заборави своите корени, останувајќи искрен пријател на македонската медицинска и научна заедница“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.

Проф. д-р Ферид Мурад е роден на 14.10.1936 година во Индијана, САД, а почина во 2023 година. Неговиот татко е од селото Лакавица, Гостиварско, од каде што емигрирал во САД и формирал семејство. Проф. д-р Мурад, заедно со колегите Роберт Фурчгот и Луис Игнаро, ја доби Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1998 година за откривањето на улогата на азотниот моноксид како сигнализирачка молекула во кардиоваскуларниот систем. Неговото истражување докажа дека овој едноставен гас всушност се создава во самото тело и има клучна улога во проширувањето на крвните садови.

Значењето на ова откритие за современата медицина е непроценливо. Тоа отвори сосема ново поглавје во фармакологијата и ја промени парадигмата за тоа како клетките меѓусебно комуницираат. Разбирањето на механизмот на азотниот моноксид овозможи развој на нови, револуционерни лекови и терапии за третман на кардиоваскуларни заболувања, регулирање на крвниот притисок, срцева слабост, како и спасувачки третмани за критично болни пациенти и предвремено родени бебиња со пулмонална хипертензија.

Во рамките на свеченоста беше емитуван и краток документарен филм што поблиску го прикажа животниот и професионалниот пат на проф. д-р Мурад, неговата скромност како човек и неговата исклучителна големина како научник. Проф. Мурад беше почесен член на Македонската академија на науки и уметности и почесен член на Лекарската комора, којашто ја посети во 2018 година, а неговото име го носи општата болница во Гостивар.

Одбележувањето на овој јубилеј испраќа силна порака дека патот на д-р Ферид Мурад е доказ оти генијалноста не познава граници и претставува највисок патоказ за идните генерации млади лекари во земјава – дека со многу труд, континуирано учење и непоколеблива верба во науката, може да се достигне самиот светски врв.