Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Заменик-министерот Ристески во работна посета на Словенија

Делегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески престојува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески престојува во неколкудневна работна посета на Словенија. Заедно со претставници од повеќе институции, Ристески ќе реализира работни средби со високи словенечки претставници во однос на законската рамка, институционалните практики и примената на правото на Европската Унија во областа на трудот, миграцијата и трудовата мобилност.

Како што соопшти Министерството за економија и труд, целта на студиската посета е размена на искуства кои ќе придонесат во унапредувањето на политиките и институционалната рамка во областа на трудот и трудовата мобилност, согласно европските стандарди.

-Ќе бидат посетени и реализирани средби со високи претставници на Министерството за економија, труд и спорт, Агенцијата за вработување на Словенија, Министерството за внатрешни и јавни работи, како и Канцеларијата за поддршка и интеграција на мигранти, каде ќе се презентираат искуствата на Република Словенија во примената на релевантното законодавство на Европската Унија и практичното спроведување на политиките во оваа област, наведуваат од Кабинетот на Ристески.

Реклама

Студиската посета е организирана од Меѓународната организација за миграции (ИОМ), во рамки на проектите „Искористување на потенцијалот на дијаспората за напредување во пристапувањето кон Европската Унија и мобилноста на работната сила во Западен Балкан“ и „Регионалната програма за управување со миграцијата (RMGP) – фокус на Западен Балкан и Република Турција“.