Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Министерството за здравство: Клековски и словенечкиот министер Острц разговараа за здравствени реформи и зајакнување на партнерството

Размената на искуства и можностите за соработка во спроведувањето на здравствените реформи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Размената на искуства и можностите за соработка во спроведувањето на здравствените реформи беа во фокусот на средбата на министерот за здравство Сашо Клековски со словенечкиот министер за здравство, Тадеј Острц.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ), ова е прва официјална работна посета во странство на министерот и на неа се разговарало за клучните предизвици во двата здравствени системи, подобрувањето на здравствените услуги и јакнењето на партнерството меѓу Македонија и Словенија во областа на здравството.

– Изборот на Словенија за првата официјална средба со странски колега ја одразува важноста на заедничката историја, сличностите во политичкиот систем, географските и демографските карактеристики, како и словенечките искуства во спроведувањето на здравствените реформи. На средбата беа разменети информации за состојбите, предизвиците и плановите во двата здравствени системи. Посебен акцент беше ставен на Националната диспечерска служба и на Словенечкиот индекс за итна медицинска помош, програмите за рана детекција на рак и управувањето со радиодијагностиката – стои во соопштението од МЗ.

Реклама

Од таму дополнуваат дека двајцата министри се договориле разговорите да продолжат и за другите реформски планови, како и за постојниот заеднички проект за реформа во областа на медицинските сестри.

– Во разговорот беше истакната потребата од подобрување на здравствената заштита за македонските студенти во Словенија, како и од проширување на можностите за размена на стручњаци и за лекување – дополнуваат од таму.

Министерот изразил благодарност до својот словенечки колега за отвореноста и подготвеноста за споделување на словенечките искуства како поддршка во унапредувањето на здравствениот систем.