Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво, со државници и финансиски институции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, со владина делегација заминува во посета на Соединетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, со владина делегација заминува во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Предвидено е да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации.

Мицкоски ќе престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинешното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Како што информира синоќа, засега нема во план средба со бугарската делегација.

– Во Њујорк, на маргините на годинешното Генерално собрание на ОН, ќе се сретнам со голем број државници. Имаме веќе потврдени средби. Во принцип се ориентиравме на соседството, се разбира, тука е оној прием, нормално, од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави. Ќе се обидеме да имаме билатерални средби и со земји од Заливот, каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски. Инаку, што се однесува на состанок со бугарската делегација, до овој момент немаме во план таква средба – напомена премиерот.

Реклама

Во врска со средбата на лидери од Западен Балкан што за време на генералните собранија вообичаено ја организира делегацијата на Европската Унија во Њујорк, Мицкоски, за условите на Бугарија за промена на Уставот и за позицијата на Македонија за гаранциите, повтори дека оваа Влада води јасна политика, без да прави какви било естрадни потези.

– Ние ставовите не ги менуваме инстант или преку ноќ зашто кога градиме став, тоа е процес што долго трае. Антиципираме сè што можеме во тој момент, така што нашите ставови се повеќеслојни, не се ставови што ад хок ги градиме, па по потреба ги менуваме. Не правиме такви естрадни потези, водиме јасна политика, која нуди гаранции на подолг рок. Тоа е стратегијата што ја има оваа Влада. Инаку, таков состанок е потврден. Кој ќе присуствува – во зависност од нивото – дали јас или министерот за надворешни работи, доколку е шефови на држави или претседатели на влади, се разбира дека ќе бидам јас, доколку е на ниво на министри за надворешни работи, тогаш министерот за надворешни работи ќе биде – рече Мицкоски.