Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Очите на Албанците од Косово, Македонија и Албанија се свртени кон Хаг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очите на Албанците од Косово, Македонија и Албанија се свртени кон Хаг – по повеќе од три години судење, ислушани стотици сведоци и прикажани илјадници доказни материјали, Специјалниот суд во Холандија ќе треба да одлучи дали поранешниот косовски лидер Хашим Тачи, со уште тројца команданти на ОВК, се виновни за воени злосторства и злосторства против човештвото во косовската војна на крајот на деведесеттите и на почетокот на овој век. Заедно со Тачи на обвинителната клупа ќе бидат и Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Оваа пресуда има и подлабоко значење затоа што, доколку се прогласат за виновни, тоа ќе значи дека и Албанците вршеле злосторства врз Србите за време на војната. За албанскиот аналитичар Берат Азизи, јавноста во Албанија и Косово очекува да слушне ослободителна пресуда, затоа што сè друго, за нив, би значело удар врз албанскиот народ.

„Ние не можеме да предвидиме како ќе биде утре, но мислам дека ХАГ утре треба да донесе ослободителна пресуда за четворицата, за бившиот лидер на Косово, Хашим Тачи и тројцата, затоа што ако одлуката не е ослободителна, ќе има удар врз целиот албански народ“, изјави аналитичарот Берат Азизи.

Во Приштина врие – дури и американската амбасада ги предупреди своите граѓани да внимаваат каде се движат, затоа што стравуваат дека главниот град на Косово може да експлодира во случај лидерите на УЧК да бидат прогласени за виновни. Но и покрај ова, Азизи не очекува да се случат немири и етнички тензии, ниту во Косово, ниту во Македонија. Според него, и покрај чувствителниот момент за голем број Албанци и Косовари, сепак регионот се наоѓа во процес на евроинтеграција, па доколку се случи четворицата да бидат осудени, косовските институции ќе го бараат правото во други светски релевантни институции.

Реклама

„Јас не верувам во тоа бидејќи сме во друга фаза, целиот Балкан е во процес на европска интеграција, но сигурно косовските институции ќе го бараат правото, ако не биде ослободителна пресуда, нивните права ќе ги барат во другите институции во Европа, Њујорк, во сите релевантни институции“, изјави аналитичарот Берат Азизи.

Команданти и војници од УЧК, под паролата „Слобода и поддршка за ослободителите“, маршираа низ улиците во Приштина, а меѓу нив беше и Али Ахмети, кој на социјалните мрежи напиша дека потенцијалните воени злосторници, за него, биле ослободители. Лидерот на ДУИ со своите соборци им даде поддршка на оние кои се обвинети за серија злосторства, меѓу кои убиства, тортура, прогон, незаконско затворање и присилно исчезнување. Ахмети летово самиот кажа дека имал информации дека во Уставниот суд постои иницијатива за отворање на случаи во Хашкиот трибунал за покренување обвиненија против ОНА за воени злосторства. Вели дека не се плашел, но отворањето стари рани било поболно од отворање нови.