Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Mеѓународна конференција „Филозофијата и стварноста“

Во рамките на јубилејната програма по повод 80-годишнината на Институтот за филозофија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на јубилејната програма по повод 80-годишнината на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска и утре, ќе се одржи меѓународната конференција „Филозофијата и стварноста“, која ќе обедини филозофи и истражувачи од Македонија и од повеќе земји од Европа и светот.

Како што е наведено во најавата, преку пленарни предавања и тематски сесии ќе бидат отворени прашања за природата на стварноста, знаењето и рационалноста, етиката и вештачката интелигенција, јазикот и мислата, уметноста и технологијата, како и за современата општествена и политичка стварност.

Пленарни предавачи на конференцијата се Стивен Прист (Универзитет „Оксфорд“), Стелиос Вирвидакис (Национален и каподистриски универзитет во Атина), Олга Маркич (Универзитет во Љубљана) и Кармен Велајос Кастело (Универзитет во Саламанка).

Реклама

Во текот на двата конференциски дена, во Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет, ќе биде отворена и изложбата „Естетичката лабораторија: фрагменти од една историја“, која преку архивски фотографии, документи и други материјали ќе претстави дел од историјата на оваа лабораторија.

Одбележувањето на јубилејот 80 години од Институтот за филозофија почна синоќа, во Музејот на современата уметност – Скопје, со промоција на монографијата „80 години Институт за филозофија – 80 години развој на филозофската мисла на македонски јазик“ од Јасмина Поповска, посветена на институционалниот и интелектуалниот развој на Институтот и на осумдецениското создавање и развивање на филозофската мисла на македонски јазик. Промотори беа проф. д-р Ристо Солунчев и проф. д-р Борче Илиевски.