Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови, денеска, по повод 15 Септември – Денот на пензиската свесност, организира настан во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје.
На настанот, како што е најавено, ќе се обратат министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, директорот на СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, Александар Мијоски, претседателот на Советот на експертите на МАПАС, Ремзи Бајрами и претседателот на Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиските фондови на Македонија, Маријан Николовски.
Покрај обраќањата, ќе биде потпишан меморандум за соработка за развој на практичната настава и ќе биде промовирана новата едукативна кампања за млади.

