Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Нелоска: Учеството на жените во политиката е многу важно за општествените процеси 

На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – Повеќе демократија“,  во организација на Унија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – Повеќе демократија“,  во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати Ленче Нелоска потпретседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека зголеменото учество на жените во политичкиот и демократскиот живот е од особено значење за креирањето политики кои одговараат на потребите на граѓаните.

„Учеството на жените во демократијата е клучен елемент во фундаментот на демократијата, се подразбира дека мора да има подеднакво учество и да се слушне подеднакво секој еден глас за да можеме и како политика и како партија да одговориме на барањата на популацијата, кога се жените вклучени во политиката секогаш има поголем фокус на аспектите како што се социјална заштита и грижа на деца, здравство и репродуктивно здравје“, рече Нелоска и додаде:

„Бројни истражувања потврдуваат дека во земјите каде што жените се активно вклучени во економскиот и политичкиот живот имаат подобри и постабилни економии, исто така колку е поголемо учеството на жените во јавниот живот толку е пониско и нивото на корупција. ВМРО-ДПМНЕ секогаш носи стратешки и системски измени, во 2002 година за прв пат донесе измена во Изборниот законик каде што 30% жени беа задолжителни да бидат на избирачките листи а во 2015 повторно се направи измена и овој процент е 40 во моментов, со ова се обезбедува првиот чекор кон праведност и еднаквост со што е обезбеден демократски легитимитет“.

Реклама