Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Министерот Клековски во посета на Диспечерската служба на здравството во Словенија

Министерот за здравство Сашо Клековски во рамки на тридневниот престој во Словенија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски во рамки на тридневниот престој во Словенија денеска го посети Националниот диспечерски центар во Љубљана, во придружба на амбасадорот Горан Милевски. Посетата беше посветена на запознавање со словенечкиот модел на итна медицинска помош и размена на искуства во организацијата и координацијата на службите, соопшти Министерството за здравство.

На средбата со претставниците на словенечкото Министерство за здравство и на центарот, предводени од директорот Андреј Финк, се разговараше за реформата на итната медицинска помош започната во 2017/2018 година. Притоа беше претставена работата на Националниот диспечерски центар, кој преку две паралелни единици во Љубљана и во Марибор ги прима сите итни медицински повици и ги координира тимовите на итната медицинска помош и ургентните центри.

Во текот на разговорите беше претставен и словенечкиот индекс за тријажа, заснован на норвешкиот модел, со кој итните случаи се класифицираат во три групи според степенот на итност и во 27 групи според причините за повикот. Беа разгледани и организациското раздвојување на докторите и тимовите за итна медицинска помош, како и стандардизацијата на возилата, од мотоцикли до хеликоптери.

Реклама

Посебно внимание беше посветено на воспоставените стандарди и оперативни процедури, кои опфаќаат показатели за следење на квалитетот и постапување по поплаки. Беше презентиран и системот за обука на диспечерите, која трае од шест до девет месеци, со задолжителна проверка на знаењата на секои пет години.

Министерот Клековски ја оцени посетата на центарот како инспиративен почеток на тридневната посета на Словенија. Тој истакна дека словенечките искуства претставуваат значајна основа за размена на знаења и продлабочување на соработката во подготовката и спроведувањето на идните реформи на итната медицинска помош во Македонија, се наведува во соопштението од МЗ.