Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Политичка платформа „Повеќе учество, повеќе демократија“

По повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, денеска, вечерва на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, денеска, вечерва на Плоштад Мајка Тереза се одржува првата политичка платформа со наслов „Повеќе учество, повеќе демократија” во организација на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот ќе го отворат Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија, и Марија Митева, претседателка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата.

Во рамките на политичката платформа ќе се одржат две последователни панел-дискуси.

Реклама

На првиот панел, со наслов „Учеството како двигател на демократијата“, ќе се обратат Тимчо Муцунски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Ивановска, генерален секретар на Извршниот комитет на Унијата на жените и државен секретар во Министерството за образование и наука, Ана Шутиновска, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, и Маре Богева, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и директорка на Бирото за јавни набавки.

На вториот панел, со наслов „Улогата на политичките партии во демократското учество“, ќе се обратат Владо Мисајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, Ленче Нелоска, потпретседателка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, Драгана Арсова, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, и Елена Кочоска, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ.