Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Циклус песни од Бранко Цветкоски објавен во легендарниот руски неделник „Литературнаја газета“

„Литературнаја газета“ еден од најстарите, највлијателните и историски најзначајните неделни весници во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Литературнаја газета“ еден од најстарите, највлијателните и историски најзначајните неделни весници во руската и светската литература (основан од Александар Пушкин и обновен од Максим Горки) кој денес излегува во тираж од 120 илјади примероци во Москва, во бројот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, од 24 мај оваа година, објави циклус песни од современиот македонски поет Бранко Цветкоски.

Во препев на познатата македонистка и најплоден современ преведувач на македонската литература на руски јазик, Олга Панкина, објавени се песни од стихозбирката „ВООБРАЗБИ, лирски етиди за некој друг свет“ која е актуелен носител на книжевната награда за најдобра книга на годината на Друштвото на писателите на Македонија. 

Поезијата на Цветкоски, кој е носител врвни награди за поезија во Македонија и во регионот, меѓу кои и највисоката државна награда на Македонија „Свети Климент Охридски“ преку одделни книги/избори од неговата лирика е застапен на осумнаесет светски јазици, а во 2004 година во Москва, во препев на Максим Замшев излезе од печат неговата збирка избрани песни „Свијок“, во издание на познатото книгоиздателство „У Никитских ворот.“

Реклама