Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против жител на село Черкези кое на социјалните мрежи се закануваше на премиерот. Пријавата е поднесена за сомневање за дело „загрозување на сигурноста“. Судија на пријавениот му определи притвор.
Отсекот за компјутерски криминал при СВР Куманово во содејство со Секторот за компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Д. од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.
-На 11-ти септември, годинава на објава на профил на социјална мрежа на Претседателот на Владата на РСМ, пријавениот напишал коментар со заканувачка содржина. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од осум дена – наведуваат од СВР Куманово.

