Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Министерството за правда: Зајакнување на партнерството со Советот на Европа во клучни области на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со раководителот на Програмската канцеларија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов, на која беше разговарано за досегашната и идната соработка во областите од значење за Министерството за правда, информираат од Министерството.

На состанокот била изразена подготвеност за продолжување на интензивната соработка и поддршка во повеќе значајни области, меѓу кои: бесплатната правна помош, зајакнувањето на капацитетите на затворскиот систем, слободата на изразување и медиумите, како и борбата против говорот на омраза, нетолеранцијата и дискриминацијата.

Поддршката на Советот на Европа, велат од Министерството за правда, е од исклучително значење за унапредување на реформите во правосудството и јакнење на институционалните капацитети.

Реклама

Заедничката посветеност, партнерството и координираниот пристап ќе бидат клучни за успешно спроведување на проектите и постигнување конкретни резултати во интерес на граѓаните.