Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Министерството за здравство побара од ДЗСИ да спроведе надзор како се постапувало во случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска

Министерството за здравство (МЗ) побарало од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство (МЗ) побарало од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска.

– Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска, поврзани со третманот што го добила во текот на бременоста пред таа трагично да заврши со загуба на плодот. Свесни за тежината на искуството на пациентката и со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, Министерството веднаш иницира барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот – соопшти МЗ.

По спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, Министерството за здравство најави дека ќе формира комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници, кои учествувале во лекувањето на пациентката. 

Реклама

– Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди. Доколку во постапката на инспекцискиот надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, Министерството ќе постапи целосно во согласност со важечките законски прописи – велат од таму.

Министерството додава дека останува посветено на обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за секоја пациентка, а особено во случаи со висок ризик, каков што е случајот на бременост со компликации.