Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, ние работиме за нивна максимална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, ние работиме за нивна максимална заштита, а истовремено заштита и на стопанството – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за време на денешниот престој на граничниот премин Табановце.

На новинарско прашање во врска со состојбите на глобалните пазари и можноста за нов ребаланс на државниот буџет, таа истакна дека во Министерството за финансии се анализира можноста за пренамена или ребаланс на буџетот.

– Секогаш носиме одлуки и мерки за граѓаните да живеат подобро. Во периодот кога го подготвувавме ребалансот состојбите беа помирни и не очекувавме дека ќе се движат во друга насока. Во Министерството за финансии ќе донесеме одлука дали ќе одиме само со пренамена или ќе правиме ребаланс на буџетот. Податоците што ги имаме заклучно со 10 септември покажуваат дека буџетот се полни во согласност со планираното, во делот на акцизите имаме одредени отстапувања, кај увозните давачки имаме раст од речиси 10 проценти во однос на минатата година, кај ДДВ-то со 10 септември растот е 10,4 проценти во однос на минатата година, повратот на ДДВ-то е 10,1 проценти во однос на минатата година или тоа се 2,5 милијарди денари повеќе вратено ДДВ во однос на претходната година – рече Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Таа додаде дека е исто и со данокот на добивка, персоналниот данок и придонесите, а до крајот на неделата најави состанок со институциите од кои зависат приходите – Царинската управа и Управата за јавни приходи.

– Потоа, врз основа на нивни согледувања, ќе донесеме одлука дали ќе одиме со ребаланс или со пренамена. Но, доколку се одлучиме за ребаланс, тоа не е нешто што е непознато бидејќи и во претходните години имаше кризи и се носеле по два ребаланси. Ваквите состојби не зависат од нас и не може да се предвидат – истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Од Министерството за финансии потврдија дека во овој момент не разговараат за други мерки, ги следат состојбите, а како што рече министерката Димитриеска-Кочоска, „апсолутно нема промени во задолжувањата и одиме како што е проектирано со ребалансот на буџетот“.