Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Западнонилската треска стивнува, вкупно седум пациенти на Клиниката за инфективни болести

На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се вкупно седум пациенти од западнонилска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се вкупно седум пациенти од западнонилска треска, од кои двајца се во потешка состојба. Директорот на Клиниката Фадил Цана денеска оцени дека состојбата со западнонилската треска стивнува. 

-Во текот на последнава недела, да не кажам и десет дена, само еден суспектен хоспитализиран пациент, додека другите се истите шест потврдени пациенти, од кои два се потешко болни и сè уште се на респираторна поддршка и се наоѓаат во Одделот за интензивна нега. Останатите се стабилни и се на Одделот за невроинфекции, изјави Цана.

Кај двајцата пациенти кои се во потешка состојба, сеуште нема подобрување.

Реклама

Сите пациенти се повозрасни. Последниот случај е пациент на 70-годишна возраст.

Здравствените власти очекуваат со намалувањето на температурите дополнително да стивне западнонилската треска.

– Очекуваме како што опаѓаат температуриве, да заврши и оваа епидемија, заради тоа што по сите светски статистики така се одвива епидемијата, во доцните летни месеци, т.е. септември, се очекува пад. Но, мора да го кажеме и тоа дека по преземените мерки од здравствените власти и локалните власти, особено во општините што беа зафатени со епидемија, се гледаат резултати и имаме намален број на инфицирани, рече Цана.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: