Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Македонија

Напредува реконструкцијата на  атмосферскиот канал „Црн Канал“ во Драчево

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, изврши увид во градежните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на атмосферскиот канал „Црн Канал“, на потегот од улица Малешевска 1 до Мала Рада, во КО Драчево 2.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, станува збор за клучен инфраструктурен проект за Општина Кисела Вода што ќе овозможи поквалитетен систем за атмосферски води и ефикасна превенција од поплави. Проектот се реализира во рамки на Унгарскиот кредит – Проекти фаза 2, како дел од програмата на Владата на Република Македонија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Градежните работи на терен се одвиваат според предвиденото темпо, при што од првата фаза досега се завршени 50 отсто. Активно се работи на санирање на бетонското корито долж целиот канал, а на потегот до мостот Киро Фетак се поставуваат бетонски блокови кои ќе бидат стабилна основа за нова пешачка патека врз самиот канал. Со оваа инвестиција, со силна поддршка од Владата, директно го подигнуваме нивото на безбедност и функционалност на инфраструктурата во Драчево и создаваме услови за посигурна и поквалитетна животна средина за сите жители. Останувамe целосно посветени на реализација на проекти кои носат реални решенија и долгорочни придобивки за граѓаните на Кисела Вода – изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.