Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска, на плоштадот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред Македонската опера и балет, по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, ќе ја промовира декларацијата која го носи името „Повеќе учество, повеќе демократија“. Станува збор за политичка платформа со која Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе стави акцент на поголема политичка вклученост на жените во политичките процеси. На промоцијата ќе се обратат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, и претседателката на Унијата на жени и портпарол на Владата, Марија Митева. Со оваа декларација, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ сака да отвори простор за нови идеи и поголемо учество на жените во носењето на политичките одлуки.