Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Економија

Мицкоски: Остануваме посветени на изградба на дата-центри, светот оди во таа насока и процесот е неповратен

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата не се откажува од идејата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри затоа што, како што нагласува, светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен. Потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирање и давање грант за изградба на националниот дата-центар. Ако такво нешто пристигне, додаде, тогаш тоа ќе може да го коментираме. 

– Прашањето е дали ние како држава сакаме да останеме заглавени во 19 и 20 век со некои ретрополитички сили или сакаме да грабиме кон иднината? Оваа Влада апсолутно води сметка за интересите на државата и граѓаните. Интересите на државата и граѓаните никогаш нема да бидат ставени во прашање. Апсолутно се грижиме за иднината на оваа држава и брз економски развој – истакна Мицкоски во одговор на прашање дали се точни информациите дека ЕУ испратила допис до сите земји во регионот дека се откажала од финансирање и давање грант за изградба на национални дата-центри и оти ова нема да биде дел од реформската агенда. 

Благодарение на тие дата-центри и таа вештачка интелигенција, нагласи Мицкоски, денеска можевме да видиме како функционира голем дел од оваа опрема на ГП Табановце. 

Реклама

– Впрочем, без таа вештачка интелигенција и некои дата-центри јас денеска немаше со вас да комуницирам на овој начин како што комуницирам. Затоа, да ги оставиме оние политички сили да тонат во нивното политичко мочуриште од 19 и 20 век и да дозволиме да се развиваме како држава онака како што заслужуваат граѓаните – рече премиерот во одговор на прашање при посетата на ГП Табановце. 

Прашањето зошто изградбата на национални дата-центри во земјите од Западен Балкан веќе не е приоритет за Брисел, со оглед на тоа што ЕУ ја финансира „Везилка“ конкретно во Македонија, му беше поставено и на евроамбасадорот во земјата Михалис Рокас, кој истакна дека нема такви информации. 

– Јас, за жал, не можам да ја потврдам вашата информација. Како што веќе знаете, „Везилка“ беше пуштена во употреба, односно во функција пред два месеци. Таа треба да биде поврзана со поголемиот дата-центар во Република Грција, така што навистина досега немам добиено никаква информација во врска со вашето тврдење – кусо одговори Рокас.