Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Мицкоски: Врз основа на дизел-горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, го штитиме стандардот на граѓаните

Доколку не се донесеше одлука за намалување на акцизата, цената на дизел-горивото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку не се донесеше одлука за намалување на акцизата, цената на дизел-горивото ќе беше 11-11,5 денари поскапа од литар од ова што е денеска – истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето колкава би била реалната цена на нафтата доколку Владата не донесеше одлука за намалување на акцизата за дизелот.

Премиерот Мицкоски истакна дека зголемена е продажбата на нафтените деривати на бензинските станици, а особено оние што гравитираат кон северниот, западниот и јужниот дел од земјата, поради притисокот на граѓаните што доаѓаат од Грција, Албанија и Србија, веќе е стигнато до повеќе од 2 милиони литри гориво што се точи на македонските бензински станици. 

– Имајќи предвид дека приближно 70 проценти е дизел-гориво, тогаш доаѓаме до некаде 1.400.000 – 1. 500.000 литри, што значи дека само врз основа на дизел-горивото дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250 илјади евра или ако се земат предвид две недели и доколку се земе предвид веќе намалената царина, односно акциза за безоловниот 95- и 98-октански, тогаш доаѓаме до бројка помеѓу 4,2 и 4,5 милиони евра, тоа е директна заштеда што ја имаат македонските граѓани, а индиректната се проектира во ниската стапка на инфлација – изјави Мицкоски. 

Реклама

Тој додаде дека во пикот на најголемата светска енергетска криза што ја памети човештвото веќе два месеци, и тоа јули и август, вели, имаме една од најниските стапки на инфлација, многу подолу од Европската Унија. 

– Во регионот сме меѓу најниските, само нашиот северен сосед Србија има за 0,3-0,2 % пониска од онаа стапка на инфлација. И она што исто така сакам да го напоменам е дека во моментот имаме најниска цена на дизел-горивото и на безоловниот 95- и 98-октански бензин и ако се спореди со цената што ја имаат нашите соседи, па и во Европа, тогаш разликата е помеѓу 20 и 50 отсто. Тоа значи дека оваа Влада води сметка во рамките на своите можности и повеќе од што може за да го заштити стандардот на граѓаните – истакна Мицкоски, кој денеска беше во посета на граничниот премин Табановце.