Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Националниот џез-оркестар сезоната ја отвора со настапот на Дан Пугањ, добитник на „Греми“

Богата и разновидна програма до крајот на годината најавува Националниот џез-оркестар, кој,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Богата и разновидна програма до крајот на годината најавува Националниот џез-оркестар, кој, покрај настапите во земјата, веќе има резервирани настапи и во странство.

Сезоната ја отвораат со настапот на Дан Пугањ, израелско-американски џез-тапанар и минатогодишен добитник на Греми-награда, кој со своето трио доаѓа на 7 октомври во Скопје. Националниот џез-оркестар ќе настапи и со Мишел Камило, доминикански пијанист и композитор, специјализиран за џез, латино и класично пијано. Сезоната се заокружува со традиционалниот Детски концерт и со Новогодишниот концерт со Џон Илија Апелгрен, кои ќе се одржат на 8 и 14 декември. 

Дел од програмата се и јубилејните концерти на Сашо Николовски на 28 октомври, кој ќе настапи со свој авторски материјал, и на Славе Димитров на 28 ноември.

Реклама

Од гостувањата во странство, Националниот џез-оркестар оди на 2 ноември во Прага, каде што ќе настапи во галеријата „Петров“ со сопствен авторски материјал, а само два дена подоцна, ќе го отворат Сараевскиот џез-фестивал. Дел од гостувањата во странство е и настапот во Португалија на фестивалот „Гимараеш“, каде што ќе настапат заедно со Курт Елинг.

– Она што можеме да се пофалиме во изминатите три години е дека успеавме, без разлика дали концертите се реализирале преку препораки, лични познанства или директни контакти со нивните менаџери, да направиме повеќе концерти со големи звучни имиња и мислам дека сега тоа е веќе референција за кога се обраќаме комуникацијата да биде полесна – вели директорот Гоце Стевковски.

Како Национален џез-оркестар, вели Стевковски, имаат поголеми можности да ја реализираат визијата со која почнале како здружение, но останува да се решат уште некои технички и логистички работи. Сè уште пречка им е што не е готов просторот во кој треба да бидат.

– Како здружение бевме лимитирани од повеќе аспекти затоа што не можевме да функционираме редовно во контекст на програмата. Сега е малку поинаку бидејќи сме национална институција. И буџетот е попристоен и може да правиме редовни концерти и редовна програма. Тоа сè ни ја проширува визијата, она што сме го имале кога почнувавме, а веќе има голем процент на реализација. Сметам дека уште малку треба технички и логистички да се средат некои работи во врска со оркестарот за да може до крај да ги реализираме сите тие наши идеи- вели Стевковски.

Концертите сега исклучиво се прават во слободните термини на двете сали што ги имаат во Операта и во Филхармонијата.

– Просторот што се прави за да може да работиме сè уште не е готов. Тоа малку ни ја отежнува работата. Многу е поедноставно кога имате просторија за вежбање и работите со полна пареа. Вака е малку проблематично, би рекол, иако се снаоѓаме многу добро – вели Стевковски.