Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Димовски во посета на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје

– Во согласност со концептот за активна и транспарентна соработка, директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во согласност со концептот за активна и транспарентна соработка, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, ја посетил компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје, каде што оствари средба со директорот на компанијата, Чиријако Ло Конте.

Во рамките на посетата, како што наведуваат од Дирекцијата, Димовски и Ло Конте разговарале за досегашното работење на компанијата, тековните активности, како и за плановите и можностите за понатамошен развој. Воедно, беше реализирана и обиколка на производствениот погон, при што беше согледан начинот на функционирање на производството, работните процеси и капацитетите со кои располага компанијата.

Димовски посочил дека Дирекцијата за ТИРЗ продолжува да биде во постојан контакт со компаниите што работат во зоните, со цел подобро разбирање на нивните тековни потреби и поддршка на нивните развојни планови.

Реклама

– На средбата беше истакнато значењето на континуираната комуникација меѓу Дирекцијата и компаниите во зоните, со цел навремено идентификување на потребите и предизвиците со кои се соочуваат инвеститорите, како и создавање услови за нивно успешно работење и понатамошно инвестирање – стои во соопштението на Дирекција за ТИРЗ.