Реклама

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Македонија

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори

Убеден сум дека нема да има предвремени избори, изјави денеска претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убеден сум дека нема да има предвремени избори, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, на редовниот понеделнички брифинг со новинарите. 

На прашањето на што се должи ова негово убедување имајќи ги предвид изјавите што деновиве се пласираат во јавноста, Гаши рече дека тоа е резултат на неговата политичка интуиција“. 

Информирајќи за денешната редовна координација со првите луѓе на пратеничките групи во Собранието, Гаши рече дека претставникот на Левица го отворил прашањето за Изборниот законик поради изнесените ставови во однос предвремените избори. Претседателот на Собранието рече дека е добро да се разговара и дека на средбата нагласил дека доколку има подготвеност работната група во Собранието и координаторите да ги продолжат разговорите за Изборниот законик. 

Реклама

Во однос на законот за правичната застапеност кој е заглавен во Собранието поради блокада на бадентерот и ДУИ, Гаши рече дека има комуникација со лидерите, но негираше дека меѓу нив е и Али Ахмети, претседателот на ДУИ. 

Претседателот на Собранието најави дека наскоро ќе биде свикана седница на Комисијата за надворешна политика на која новите амбасадори ќе ги презентираат своите приоритети. 

На координативната средба било побарано на седница на Влада да се разгледа прашањето за неприсуството на одредени министри на седниците за поставување опозициски и пратенички прашања.  Исто така, побарано било преместување на датумот на седницата за поставување пратенички прашања, поради најава дека премиерот на 24 септември ќе биде во Њујорк на Генералното собрание на ОН. 

Гаши исто така информираше дека утре треба да продолжи 12. пленарна седница, како и дека ќе бидат закажани и продолженија на 73, 94 и 100-та собраниска седица.