Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Инвеститорски ден“ во организација на Македонската берза

Со цел промовирање уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел промовирање уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонската берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата денеска седми пат го организира настанот „Инвеститорски ден“.

Оваа иницијатива, како што велат од Берзата, ја прифатиле и во неа активно се вклучиле Централниот депозитар за хартии од вредност, сите единаесет членки на Берзата и ЦДХВ, а таа добила поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

– Одржувањето на „Инвеститорскиот ден“ значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица може да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници – се вели во соопштението од Берзата.

Реклама

На „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе може да купат или продадат кои било акции, без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива, при што ќе треба да бидат исполнети следните услови: инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ-системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата, износот на остварениот дневен промет од индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои тој ќе биде остварен, а трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Системските и администраторски блок-трансакции, јавните понуди и јавните берзански аукции, нагласуваат од Македонската берза, се исклучени и се наплатуваат стандардно.