– По повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата денеска ќе се одржи првата политичка платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија” во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Настанот ќе го отворат Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија и Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата.
Во рамки на политичката платформа ќе се одржат две последователни панел дискуси.
На првиот панел насловен „Учеството како двигател на демократијата” ќе се обратат Тимчо Муцунски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Ивановска, генерален секретар на Извршниот комитет на Унија на жени и државен секретар во Министерството за образование и наука, Ана Шутиновска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Маре Богева, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директорка на Бирото за јавни набавки.
На вториот панел насловен „Улогата на политичките партии во демократското учество” ќе се обратат Владо Мисајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, Ленче Нелоска, потпретседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, Драгана Арсова, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и Елена Кочоска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

