Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.

-За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи: Кандидатот Јовица Радески е кандидат за градоначалник на Коалиција за Предвремени избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година предводена од СДСМ„- СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ, Нова Социјалдемократска партија- НСДП, Странка на демократска акција на Македонија и Партија за демократски просперитет на Ромите-ПДПР, Десница; Јакуп Усеини – кандидат на КОАЛИЦИЈА ВРЕДИ/ВЛЕН; Стојанчо Радически – кандидат на КОАЛИЦИЈА „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА”; Аркин Јахији – кандидат на НАЦИОНАЛНА АЛИЈАНСА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА – НАИ; Арифе Идризи – кандидатка на ГРУПА ИЗБИРАЧИ – АРИФЕ ИДРИЗИ и  Душан Богдановски кандидат на Група избирачи ДУШАН БОГДАНОВСКИ – посочуваат од ДИК.

Реклама

Изборите за градоначалник на Брвеница, собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша за 18 октомври, а ќе се одржат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски.