Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево доби 1.180 нови столчиња

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево доби нов, поуреден и пофункционален изглед…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево доби нов, поуреден и пофункционален изглед со поставувањето на 1.180 нови столчиња, донација од Фудбалската федерација на Македонија.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, изрази благодарност до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и до Фудбалската федерација на Македонија за донацијата и поддршката, истакнувајќи дека со поставувањето на новите столчиња стадионот добива изглед каков што заслужува.

-Посебна благодарност упатуваме и до општествено одговорните фирми, како и до сите луѓе кои доброволно се вклучија и помогнаа во поставувањето на столчињата. Со заеднички ангажман, нашиот стадион добива лик каков што заслужува, порача Гоцевски.

Реклама

Тој упати повик до љубителите на фудбалот од Делчево да ги исполнат новите трибини и да им дадат поддршка на фудбалерите на Брегалница.

Денеска на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево ќе биде одигран и првиот натпревар на ФК Брегалница 1926 Делчево во новата сезона од Третата фудбалска лига – Исток. Делчевскиот тим ќе се сретне со екипата на ФК Турново.

Натпреварот е закажан за 16:30 часот, а од Општина Делчево ги повикаа сите љубители на фудбалот да дојдат на стадионот и со поддршка од трибините да им помогнат на домашните фудбалери да ја започнат сезоната со победа.