Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Со изградба на дата центри во Македонија, земјата се позиционира високо на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изградба на дата центри во Македонија, земјата се позиционира високо на светската агенда како препознатливо место за складирање на чувствителни податоци и развој на софтвери за вештачка интелигенција. Експертите се едногласни. Дата центрите ќе донесат голема придобивка за државата. Ќе го апсорбираат вишокот струја, ќе донесат развој на технологијата и ќе отворат нови високо платени работни места. Воедно, ќе придонесат и за забрзан економски развој на регионот каде што ќе се градат. Според Кристи Фунду, експерт во делот за соларна енергија и за вештачка интелигенција, развојот на овој сегмент ја прави Македонија препознатлив бренд во светот.

Од аспект на електрична енергија, имаме преголемо производство кое може да се искористи од дата центрите кога имаме поголемо производство. Со подобро распоредување на дата центрите може да се обезбеди добро водење на оптиката низ Македонија и искористување на тие тесни грла кои се јавуваат во електричната мрежа, во високонапонската мрежа на пренос. Кај нас имаме проблем од преголемо производство, не можеме од еден дел да ја пренесеме електричната енергија во друг дел на Македонија каде што може да има потрошувачка. На овој начин ќе се обезбеди да се консумира таа електрична енергија таму каде што се произведува. Македонија е доволно голема и мала ние да може тоа да го изведеме на еден одличен начин.

Според Фунду, со изградба на дата центрите, Македонија може многу да добие. Нема потреба од инвестиции во високонапонска мрежа кои траат предолго, туку, напротив, изградбата на дата центрите ќе направи брз развој и користење на вишоците струја. Со ова граѓаните ќе добијат поевтина струја, а дата центрите стабилно напојување.

Реклама

„Ако прилагодуваме, зафатот трае со години, а ние сега веднаш може да ја искористиме струјата која се произведува, а не се троши. Што дата центрите во моменталната состојба. За 1 до 2 години за комплетна изведба. Во тој период да стапат на пазарот натриумските батерии кои што се со многу ниска цена, кои буквално би овозможиле акумулирање на производството на струја од солар и да се користи цело време.“

За експертите, градењето на дата центрите нема воопшто да наштети на животната средина, туку, напротив, системите на ладење даваат повеќе придобивки. Според светските искуства, дата центрите се многу полезни и за локалното население. Водата која се користи за ладење на серверите се користи и како вода за загревање на домаќинства, а потоа, разладена, се враќа во системот. Најчесто оваа топла вода се наплатува по симболична цена, бидејќи истата мора да се разлади, а тоа се прави најдобро преку ваков затворен систем на греење и ладење.