Реклама

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби 

Делегација на Министерството за култура и туризам, предводена од државниот секретар за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Министерството за култура и туризам, предводена од државниот секретар за култура и туризам Беса Ода Муртеза, денес присуствува на отворањето на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, на кој Македонија оваа година е почесен гостин и партнер.

Учество на вакви меѓународни саеми, како што се вели во соопштението од Министерството за култура и туризам, претставува значајна можност за промоција на културното наследство, литературата и современото творештво на нашата земја, но и платформа за воспоставување нови културни и професионални партнерства, размена на искуства и отворање на македонската култура кон нови меѓународни пазари.

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција. На националниот штанд се изложени оригинални ракописи од збирката „Ориенталистика“ на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, меѓу кои ракописи постари од 600 години, артефакти од националното културно богатство од Археолошкиот музеј на Македонија, како и изданија од современата македонска литература и преводи од арапски на македонски јазик.

Реклама

Преку ова претставување се истакнува и историската поврзаност на македонскиот простор со различни цивилизации и култури, како и долгата традиција на интелектуална и културна размена со арапскиот свет.

Програмата на саемот опфаќа книжевни и културни разговори, панел-дискусии, уметнички настапи и презентации на традиционалната култура, со цел на посетителите од арапскиот и меѓународниот свет да им се доближат литературата, јазичната и културната разновидност и уметничкото наследство на Балканот.

-Ваквите меѓународни саеми се многу повеќе од места на кои се претставуваат книги. Тие се простор каде што културите се среќаваат, воспоставуваат дијалог и создаваат нови можности за соработка. Нашето учество како почесен гостин и партнер во Абу Даби е значајна можност македонската литература, културното наследство и современото творештво да ги претставиме пред нова меѓународна публика, но и да отвориме нови врати за нашите автори, издавачи и културни институции, истакна државниот секретар за култура и туризам Беса Ода Муртеза.

Таа посочи дека особено значајна е професионалната димензија на учеството, која овозможува поврзување на издавачи, автори, културни институции и други професионалци од Балканот со нивни колеги од арапскиот свет и од меѓународниот книжевен пазар.

-Ова е можност културата да ја користиме како мост меѓу луѓето и државите, но и како конкретна алатка за создавање нови партнерства, преводи, издавачки соработки и меѓународна размена. Сакам македонската култура да биде видлива, присутна и препознатлива на големите светски културни платформи – додаде Муртеза.

Организаторот на Меѓународниот саем на книгата во Абу Даби, како што информираат од Министерството, донесе и значајна одлука со која изработениот национален штанд ѝ го подари на Македонија. Штандот во иднина ќе биде во сопственост на Министерството за култура и туризам и ќе може да се користи при претставувањето на македонската култура и книжевност на меѓународни саеми и други културни настани во странство.

Учеството на Македонија како почесен гостин и партнер на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби претставува важен чекор во јакнењето на меѓународната видливост на македонската култура и во создавањето долгорочни културни врски со арапскиот свет и пошироката меѓународна културна сцена.

Преку книгата, литературата, уметноста и културното наследство, саемот во Абу Даби ги поврзува различните култури и цивилизации и отвора простор за дијалог, соработка, размена и меѓусебно разбирање.