Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Мицкоски: На владина седница денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти

На владина седница денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На владина седница денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Мерки веќе имаме — намалени акцизи и за дизелот и за безоловното гориво. Во текот на денот денеска ќе имаме повторно владина седница преку видео-врска и ќе донесеме уште една мерка, а тоа е намалување на данокот на додадена вредност за дизел горивото од 18 на 10 проценти, со што очекуваме наместо да има драматично зголемување, да има намалување на цената на дизел горивото. Секако, тоа ќе има некакви импликации врз буџетот, но она што е наш интерес како Влада е да го штитиме колку можеме и умееме и знаеме стандардот на граѓаните – рече Мицкоски на поставувањето на камен-темелник на нова подземна катна гаража и плоштад во Општина Велес.

Премиерот потенцира дека земјава има најниска цена за горивата во однос на граѓаните од соседските држави.

Реклама

​-Ќе се бориме, не е лесно. Имаме, видите, светски предизвици, неколку војни во нашето најблиско соседство, најголема енергетска криза којашто човештвото ја памети, но ете, жилави сме, ќе се бориме. Имаме сè уште, и ќе остане така, убедливо најниска цена за горивата. Дали е таа во суштина ниска кога плаќате 95-96 денари по литар дизел или 100 денари? Не е, но е поевтина од таа што ја плаќаат во соседството каде што е 150 денари, да речеме. Е поевтина каде што ја плаќаат во поширокото соседство 180 и така натаму. Така што, она коешто за нас е важно е да дадеме сè од себе за да го штитиме колку можеме стандардот на граѓаните – нагласи премиерот Мицкоски.