Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Македонија достоинствено одбележа 35 години независност, оние коишто очајуваат на времето парите ги трошеа во приватни џебови

– Македонија достоинствено одбележа 35 години независност оваа година, а самиот настап…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Македонија достоинствено одбележа 35 години независност оваа година, а самиот настап на светската ѕвезда којашто објави видео коешто за 14 часа има повеќе од милион прегледи, говори само по себе за тоа колку му значеше и на него тоа што беше присутен кај нас во Скопје, но и енергијата којашто ја доби за време на самиот настап – изјави премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Велес, одговарајќи на новинарски прашања.

-Ја следам оваа естрада што ја прави опозицијата. ​Мислам дека се единствени коишто во овој период не се задоволни затоа што прославата на 35-годишнината којашто траеше повеќе од еден месец помина навистина прекрасно. ​Имаше многу среќни, многу задоволни граѓани. Според сите проценки, кога ќе се земат во предвид сите настани, станува збор за опфат од повеќе од 200.000 граѓани. ​Она коешто можам да го кажам е дека оние коишто очајуваат, на времето парите ги трошеа во приватни џебови кај Прпарим и останатите – истакна Мицкоски.

Тој порача дека оваа Влада, сѐ тоа она коешто е дел од резервите на Државна лотарија, го враќа назад кај народот, кај културата, кај уметниците, и тоа, како што нагласи, е начин на функционирање на оваа Влада и уште еднаш да им кажам дека ќе продолжиме и во годините коишто следат истото да го правиме.

Реклама

-​Има разлика, не сме исти, тоа се согласувам со опозицијата. Владата на СДСМ и ДУИ, тоа што беа резерви и добивка од Државната лотарија, најчесто преку сомнителни набавки ги враќаше во приватни џебови на неколкумина високи функционери, за што има судски процеси – рече премиерот.

Тој најави дека оваа Влада секоја година ќе подготвува вакви настани затоа што цениме, и ќе поддржува и други иницијативи, културни, спортски.

-Цениме дека тоа треба да е улогата на една општествено одговорна компанија како што е Државната лотарија, и тоа е регулирано Впрочем со новиот Закон за игри на среќа. ​Така што, да се подготвиме уште за многу убави моменти, за многу среќни луѓе, многу задоволни луѓе и она што е важно – напредна и просперитетна Македонија – рече Мицкоски.

Мицкоски, придружуван од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваа на поставување камен-темелник на нова подземна катна гаража и плоштад во Општина Велес. Потоа тие ќе присуствуваат на пуштањето во употреба на системот „Безбеден град“, како и на новите простории на СВР Велес.