Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Трето државно квиз првенство

Македонската квиз асоцијација (МКА) го организира третото државно квиз првенство на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската квиз асоцијација (МКА) го организира третото државно квиз првенство на Македонија во Base42 со почеток во 11 часот.

Натпреварувачите повторно ќе имаат можност да се борат за титулите државен првак во две категории – поединечно и во парови.

Настанот во поединечна конкуренција ќе биде во истиот формат како и досегашните мастерси, односно ќе се состои од 8 теми по 25 прашања, поделени во два дела од по 4 теми, односно по 100 прашања во секој дел.

Реклама

Времето за решавање на секој од двата дела е еден час. Автор на квизот е Бари Исени, актуелниот државен шампион во поединечна конкуренција.

Квизот во парови се состои од вкупно 150 прашања, распоредени во два дела.

Првиот дел се состои од 100 прашања, а времето за решавање е еден час. По прегледувањето на тестовите, најдобрите парови ќе обезбедат место во финалето, каде што за време од 30 минути ќе го тестираат своето знаење на уште 50 прашања.

Поените од двата дела се собираат, при што поените освоени во финалната рунда вредат двојно.

Автори на квизот се актуелните државни шампиони во парови – Зоран Јорданов и Мартин Мајк Петрески.