Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Економија

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

По петти пат, во Прилеп во центарот на градот, се одржа Саемот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По петти пат, во Прилеп во центарот на градот, се одржа Саемот „Руралната жена – корени и трпеза“ во организација на „Слоуфуд – Прилеп“. 

Учествуваа производители од Пелагониско на млечни, медни производи, на традиционални рецепти за домашна храна, на ракотворби. Според нив, Тоа е вистинското место за промоција на малите производители, а домашното производство е барано на пазарот.

-Да ја задржиме традицијата, да учествуваме на нешто што нашите предци ни го оставиле како аманет и да не запреме со производството на традиционалната храна и пијалаци и сето она што е наше исконско македонско треба да си го чуваме, вели Цеца Видова Трајческа производители на традиционални пијалаци. 

Реклама

Арбана Маркоска од Прилеп пет години сама прави стотици килограми овчо сирење. Научила од сопругот кој е задолжен да го чува стадото овци

-Тешко е, ама мора и треба да се работи, да им оставиме нешто на децата. Се снаоѓам со семејството и со домашното производство на сирење, вели Маркоска. 

Жената има голема улога во руралното производство. Се уште е невидлива и мора стопански да зајакне.

-Сите знаеме дека жената има голема улога во производството, во земјоделството, во сточарството, но сметаме дека таа не е доволно видлива. Затоа, со овој настан сакаме жената-производителка да ја подигнеме на пиедесталот за понатаму таа економски да зајакнува, да го зајакнува својот бизнис и да биде економски конкурентна на пазарот, вели Филип Петкоски, претседател на „Слоуфуд-Прилеп. 

Во рамките на Саемот, се одржа и панел дискусија насловена „Агроекологија, зелени иновации и женско претприемништво како и обука на жените со новата технологија.

-Обуката е наменета за жените, за тоа што тие може да го направат во своите производства преку новите технологии, преку социјалните мрежи, значи обука за користење на вештачката интелигенција, рече Елена Каровска Тошевска од „Слоуфуд-Македонија“.

Инаку, саеми за руралната жена во Македонија се одржуваат осум години.