Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Продолжува тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“ наменет за членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

По вчерашното отворање на семинарот со поздравно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По вчерашното отворање на семинарот со поздравно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, кој говореше на тема „Лидерство, визија и одговорност“, денеска програмата продолжи со предавања посветени на стратешката и ефективната политичка комуникација, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата, Луке Галески, говореше на тема „Стратешка комуникација: од политички приоритети до јасни пораки“, при што се осврна на континуираната комуникациска стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, нејзината конзистентност и начинот на кој политичките приоритети се преточуваат во јасни и разбирливи пораки за граѓаните.

Стратешкиот пристап во комуникацијата е еден од факторите што придонесуваат политиките и резултатите на Владата да допрат до граѓаните, а довербата што ја ужива ВМРО-ДПМНЕ е потврдена и низ најголем број од релевантните истражувања на јавното мислење. Силниот политички момент за ВМРО-ДПМНЕ е дополнителна потврда дека граѓаните препознаваат јасна политика, стабилно лидерство и доследност во исполнувањето на преземените обврски.

Реклама

Свое излагање имаше и Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, на тема „Ефективна комуникација со јавноста во современото медиумско опкружување“. Таа се осврна на потребата политичката комуникација да не биде само пренесување на информации, туку вистинско поврзување на политиките со реалните потреби, проблеми и очекувања на граѓаните.

Галески и Митева потенцираа дека клучот на успешната политичка комуникација е граѓаните навремено и јасно да ја слушнат и разберат реалноста, резултатите, одлуките и конкретните политики кои влијаат врз нивниот секојдневен живот. Ова е особено важно во услови кога опозицијата континуирано се обидува преку манипулации, извртување на факти и креирање на лажни наративи да создаде искривена слика за состојбите во државата.

Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на комуникација која се темели на факти, резултати и одговорност. Политиката мора да биде разбирлива за граѓаните, а комуникацијата мора да биде во функција на нивното информирање, а не на нивно манипулирање.

Тридневниот семинар е насочен кон размена на знаења, искуства и идеи поврзани со современото лидерство, стратешката комуникација и доброто владеење, имајќи предвид дека успешните политики и подобрите решенија за граѓаните бараат и одговорно управување и способност тие политики јасно, навремено и ефективно да се комуницираат со јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со вложувањата во континуираното усовршување и надградување на своите членови и носители на јавна одговорност, затоа што силна политичка организација значи обединета, подготвена и компетентна структура која знае што сака да постигне, има јасна визија и знае како таа визија да ја преточи во резултати за граѓаните.