Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Етнолошките филмови на Вера Кличкова на втората вечер на патувачкиот Фестивал на македонски филм во Сплит

Во рамките на второто издание на патувачкиот Фестивал на македонски филм, синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на второто издание на патувачкиот Фестивал на македонски филм, синоќа во Сплит се одржа втората вечер на фестивалот посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова. Како што информираат од Македонскиот Културно информативен центар Загреб, биле прикажани филмовите – „Мариовска свадба”, „Велигденски обичаи” и „Русалиски обичаи во Гевгелија”.

Краток вовед во филмовите дадоа вишиот филмолог Дамјана Ивановска Патчева и филмскиот техничар и продуцент Тихомир Кашмицовски од Кинотека на Македонија, приближувајќи ѝ ја на публиката важноста на зачувувањето на етнолошкиот филм како дел од филмското наследство.

Денес Фестивалот продолжува со Трибина насловена „Дијалог на кадри – улогата на Кинотеката на Македонија во заштитата на филмското наследство и меѓународната промоција на македонската кинематографија” во просториите на Македонското културно друштво „Македонија” Сплит, која се одржува во рамките на манифестацијата „Денови на македонскиот филм”. Вечерта продолжува со проекцијата „Македонски оскаровци” при што ќе бидат прикажани филмовите „Дае” („Мајка”) на режисерот Столе Попов и „Медена земја” на Тамара Котевска во кинотеката на Центарот за култура „Златна врата”.

Реклама

Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи, како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво „Македонија” Сплит и Центарот за култура „Златна врата”.

Во текот на месеците септември и октомври, во знак на одбележување на 35 години независност, Фестивалот на македонски филм, како што е најавено, продолжува во 11 градови низ Хрватска.