Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

За само една година, Општина Карбинци бележи конкретни резултати и реализирани проекти.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само една година, Општина Карбинци бележи конкретни резултати и реализирани проекти. Во фокусот се образованието, инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Изградена е нова училишна зграда во Радање, а со доградбата на градинката „Кокичиња“ се обезбедува простор за околу 100 дополнителни деца.
Изградена е нова пешачка патека Таринци–Карбинци, во должина од 1,5 километри, а се инвестира и во нови улици во општината.

Се реализираат и капитални проекти како каналот Герен во Долни Балван и регулацијата на реката Брегалница, со кои се решаваат долгогодишни проблеми и се создаваат побезбедни и подобри услови за живот. Подобрено е улично осветлување.

Реклама

Паралелно, Општина Карбинци продолжува со поддршка на децата, младите и семејствата преку конкретни финансиски мерки. Во изминатата година Општина Карбинци покажа дека се грижи за семејствата, младите и сите граѓани да имаат подобар животен стандард. Се воведоа конкретни мерки како:

5000 денари поддршка за секое дете кое започнува во прво одделение.
5000 денари поддршка за секој ученик кој ја започнува првата година од средното образование.

5000 денари поддршка за студентите кои ја започнуваат првата година на државните универзитети. И 10.000 денари финансиска поддршка за секое новороденче.

Ова можеби се финансиски средства кои на прв поглед не изгледаат големи, но за едно семејство значат поддршка во вистински момент.
Ова е само дел од реализираните резултати.

Карбинци се движи напред со работа, инвестиции и јасна визија за иднината.
Општина Карбинци продолжува да работи за секое населено место и за секој граѓанин.