Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Меџити: Магистралниот пат „Хасан Приштина“, стратешки проект за развојот на Визбегово и побрзо поврзување со Косово

– Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес престојуваа во Визбегово, каде се сретнаа и разговараа со претставници на бизнисите кои работат во оваа зона, информира Општина Чаир во соопштение испратено доцна синоќа.

Во фокусот на средбата беше транзитниот магистрален пат „Хасан Приштина“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за овој дел од Скопје. Новиот пат, со должина од околу 3,5 километри и четири сообраќајни ленти, ќе донесе модерна инфраструктура во Визбегово, ќе го олесни сообраќајот и ќе создаде значително подобри услови за функционирање и развој на бизнисите во оваа зона.

„Магистралниот пат ‘Хасан Приштина’ е стратешки проект за Визбегово и за Скопје. Со околу 3,5 километри и четири сообраќајни ленти, значително ќе го олесниме сообраќајот и ќе создадеме многу подобри услови за бизнисите кои работат и инвестираат во оваа зона. Истовремено, Скопје ќе добие побрза и пофункционална врска кон Блаце и Косово“, изјави Меџити.

Реклама

Реализацијата на магистралниот пат „Хасан Приштина“ значително ќе ги подобри инфраструктурата и сообраќајот во Визбегово, создавајќи подобри услови за економски развој на зоната и поефикасно поврзување на Скопје со Косово.