Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Македонска Каменица набавува ново противпожарно возило за зајакнување на безбедноста на граѓаните

Општина Македонска Каменица објави постапка за набавка и испорака на ново специјално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица објави постапка за набавка и испорака на ново специјално противпожарно возило, наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица.

Набавката на новото возило, како што информираат од Општината, има за цел значително да ги зајакне техничките и оперативните капацитети на противпожарната единица, овозможувајќи им на пожарникарите подобри услови за работа и поефикасно извршување на нивните задачи.

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, истакнa дека вложувањето во противпожарната опрема е директно вложување во безбедноста на локалната заедница.

Реклама

-Продолжуваме со вложувања во безбедноста на Македонска Каменица. Со набавката на новото специјално противпожарно возило значително ќе ги зајакнеме капацитетите на нашите пожарникари и ќе создадеме подобри услови за нивната работа, но и за побрза, поефикасна и побезбедна интервенција при пожари и други итни ситуации – посочува Стаменкова.

Таа додава дека Општина Македонска Каменица останува посветена на континуираното унапредување на опремата и условите во кои работат службите задолжени за заштита и спасување.

Набавката на специјализираното противпожарно возило се очекува да придонесе за зголемување на подготвеноста на Територијалната противпожарна единица и за подобрување на нејзината ефикасност при интервенции на терен.

Од Општина Македонска Каменица посочуваат дека модернизацијата на опремата и вложувањето во службите одговорни за безбедноста се дел од заложбите за создавање посигурни услови за живот на граѓаните и зајакнување на локалните капацитети за справување со ризици и итни состојби.