Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Недостиг на вода во Разловци поради сушниот период, Општина Делчево презема итни мерки

Долготрајниот сушен период и намалениот водостој на каптажните места и на главниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долготрајниот сушен период и намалениот водостој на каптажните места и на главниот бунар предизвикаа недостиг на вода за пиење во селото Разловци, поради што Општина Делчево презема итни мерки за обезбедување вода за населението.

Како дел од мерките за надминување на актуелната состојба, Општина Делчево обезбеди и достави пакети со вода за пиење за жителите на Разловци, а по потреба ќе продолжи и со обезбедување техничка вода во цистерни за домаќинствата.

По пријава од Месната заедница Разловци, денеска стручни екипи од Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“ – Делчево извршија увид на состојбата на терен, при што беа разгледани можностите за краткорочно надминување, но и за трајно решавање на проблемот со водоснабдувањето.

Реклама

Во рамки на теренскиот увид биле проверени дел од каптажните места и контролните шахти, со цел да се утврдат расположливите количини вода кои во моментот се дотураат во селската водоводна мрежа.

Истовремено, биле лоцирани три потенцијални точки во месноста Ракитина од кои би можеле да се обезбедат дополнителни количини вода за потребите на селото. Локациите во наредниот период ќе бидат детално истражени и анализирани, согласно законската регулатива, по што ќе се утврди можноста за нивно вклучување во постојниот водоснабдителен систем.

За реализација на оваа активност, Општина Делчево веќе започнала постапка за подготовка на потребната техничка документација, со цел да се создадат услови за долгорочно и стабилно подобрување на водоснабдувањето во Разловци.

Од Општина Делчево апелираат до жителите на Разловци, до обезбедувањето дополнителни количини вода, водата од селскиот водовод да ја користат максимално рационално и исклучиво за основните и егзистенцијалните потреби.

Општината и надлежните служби ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата на терен и да преземаат соодветни мерки за стабилизирање на водоснабдувањето, како и активности за обезбедување дополнителни извори на вода за селото Разловци.