Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Пратениците изгласаа неколку одлуки во рамките на 122. седница

Пратениците во продолжението на 122. седница изгласаа неколку предлог-одлуки.  Пратениците ги изгласаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците во продолжението на 122. седница изгласаа неколку предлог-одлуки. 

Пратениците ги изгласаа предлог-одлуката за именување член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, предлог-одлуката за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, како и предлог-одлуката за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“.

Пратеникот Сали Мурати имаше забелешка дека нема претставник од турската заедница во комисиите и одборите за државни награди и поради тоа нема да ги поддржи овие предлог-одлуки бидејќи, како што рече, не е во согласност со членот 6 од Уставот.

Реклама

На тоа пратеникот Ѓоргија Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ реагира дека тие самите не дале предлог за членови од турската заедница кога на комисиите се предлагале членови, а имале таква можност и оти ништо не им е ограничено.

Пратениците го изгласаа и предлог-законот за државната ревизија во прво читање. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека предлог-законот за државна ревизија претставува значаен чекор во натамошното унапредување на системот на јавните финансии, јакнењето на институционалната независност на Државниот завод за ревизија и зголемувањето на отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства.

– Основната цел на предложените решенија е да се создаде појасна, посовремена и поефикасна законска рамка за вршење на државната ревизија, усогласена со меѓународно прифатените стандарди и принципи за работа. Една од клучните новини е дополнително зајакнување на независноста на Државниот завод за ревизија. Со предлог-законот јасно се утврдува дека ДЗР самостојно и независно одлучува кои ревизии и кои субјекти ќе бидат вклучени на годишната програма за работа. Предлог-законот го прецизира опсегот на државната ревизија. Покрај институциите и другите субјекти, кои располагаат со јавни средства, се предвидува можност за ревизија и кај субјекти поврзани со субјектите за ревизија кога постои економски, финансиски или друг вид интерес и кога се користат средства што претставуваат јавни расходи – рече Јанкуловски.

Тој истакна дека значајни новини се предвидуваат и во однос на изборот и статусот на главниот државен ревизор и неговиот заменик во насока на зајакнување на професионалните критериуми за избор и се прошируваат и надлежностите на главниот државен ревизор. 

Пратениците ги усвоија и предлог-одлуката за начинот на спроведување интервју, оценување на исполнувањето на условите и бодирањето на кандидатите за членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и предлог-одлуката за начинот на спроведување интервју, оценување на исполнувањето на условите и бодирањето на кандидатите за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија. 

Изгласан беше и предлогот на автентично толкување на член 23 став 1 точка 18 од Законот за данок на додадената вредност.