Во Битола, на плоштадот „Магнолија“’ почна манифестацијата „Запознај го локалниот пчелар“ чија цел е промоција на пчеларството во регионот.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека манифестацијата содржи изложба, а се вршат дегустација на мед и производи од локалните пчелари, но и гости од други пчеларски здруженија.

Пчеларите ги посети градоначалникот Тони Коњановски кој беше запознат со предизвиците со кои се соочуваат пчеларите и даде поддршка на манифестацијата која се организира трета година по ред од пчеларското здружение „Мариовско пелагониски пчелари“.

