Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Дурмиши: Работиме на подобар стандард и поголема куповна моќ

Министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на прашање на пратеничката Јованка Тренчевска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на прашање на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ рече дека Владата презела мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и оти инфлацијата во земјава е пониска во споредба со дел од земјите членки на Европската Унија. Тој кажа  дека во периодот на претходната власт, инфлацијата достигнала 16 проценти, додека сега, како што рече, се бележи пониска стапка од 2, 6 проценти, за која потенцираше е пониска од некои земји, членки на ЕУ. Тој кажа дека не ги зголемиле платите на функционерите, а „ако тие биле во Владата ќе ги зголемиле платите за 100 проценти“.

– Ние имаме помала инфлација од еврозоната. Има земји од ЕУ кои имаа поголема инфалција, а во ваше време беше 16 проценти. Презедовме мерки, не бевме пасивни, преземавме мерки за да ја задржиме стабилноста и да го заштитиме стандардот на граѓаните. Кога слушаме политички говори, треба да ги споредиме бројките со реалноста. Треба да се потпираме на факти и аргументи- рече Дурмиши. 

Тој рече дека на поетокот на учебната године преземени се мерки за поддршка на семејствата со ученици. Во однос на минималната плата, министерот  кажа дека постои формула која ја договорила претходната власт и договорот/ формулата е постигнат со синдикатите и работодавачите, кој Владата го почитува. Тој рече дека минималната плата  е 26.000 денари и две години по ред се зголемува, како и стандардот. Дурмиши рече дека целта на Владата е платите да продолжат да растат, но зголемувањата да бидат реални и одржливи и да се темелат на економските параметри.

Реклама

– Да бидеме точни, ние како Влада велиме, да граѓаните имаат трошоци, имаат за производите кои ги купуваат. Но, во спротивност од она што вие го прокламирате, не е на тоа ниво како што велите. Знаеме дека стандардот на граѓаните треба да се подигне, работиме за повисок стандард. Политичката реторика треба да се замени со аргументи. Нашиот став е јасен, сакаме да продолжи зголемувањето на платите и да бидат одржливи но тоа ќе се прави согласно економските параметри. Целта е да имаме подобар стандард и поголема куповна моќ на граѓаните- рече Дурмиши.

Тој и порача на Тренчевска дека политичката реторика треба да биде заменета со аргументи и статистика и дека подобрувањето на животниот стандард треба да се почувствува и „во џебот на граѓаните“. Тренчевска ја критикуваше Владата за непреземни мерки за јакнење на стандардот и кажа дека е потребна повисока плата.