Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Шасивари најави средба со студентските организации за полагање на правосудниот испит на албански јазик

Прашањето на правосудниот испит не е прашање само на еден испит, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прашањето на правосудниот испит не е прашање само на еден испит, туку е прашање на новите правници, за нивната иднина, за еднакви можности и за квалитетот на правото којшто сакаме да го изградиме во нашата држава. истакна од собраниската говорница министерот за правда Јетон Шасивари кој одговараше на прашањето поставено од пратеничката Дијана Тоска за кога студентите ќе можат да полагаат правосуден испит на албански јазик. Министерот за правда, Шасивари порача дека ова прашање не го гледа како етничко или политичко прашање. 

-​Сакам да бидам многу јасен. Значи, ова прашање не го гледам како етничко или политичко прашање, ова прашање го гледам како правно и институционално прашање и прашањето е како врз основа на Уставот и законите треба да имаме еднаков пристап, да се почитуваат јазичните права и истовремено да бидат овие прашања за истите кандидати. ​Јазикот може да биде различен, критериумот треба да биде ист и за ова сметам дека треба да биде едно прашање на институционална и политичка зрелост- истакна Шасивари. 

Министерот за правда Шасивари во одговорот на пратеничката Тоска посочи дека до него пристигнати си барања од пет студински организации на оваа тема и како што рече „мојот став е јасен секоја иницијатива која што доаѓа од студентите и и од Академијата треба да се разгледува, да се анализира сериозно“.

Реклама

– Барањето на асоцијацијата на студентите на Штуловиот универзитет за да може да се положи испитот на албански јазик, од асоцијацијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ со барање на албански јазик,  барање на Меѓународниот универзитет, Балкански универзитет, кој што има два циклуси-првиот циклус на магистратура на англиски јазик, нивното барање е на англиски јазик. Четвртото барање е од Меѓународниот универзитет „Визион“, кој што има акредитирано правни студии во прв и втор циклус на македонски, англиски и турски јазик, нивното барање е на англиски и на турски јазик и има барање на асоцијацијата на Тетовскиот универзитет со барање на албански јазик. ​За мене не е ова само статистика, ова е една порака од младите коишто се подготвуваат да бидат дел од правниот систем и оваа порака сакам да ја слушнеме-вели Шасивари. 

Министерот за правда, Шасивари најави дека на почетокот на новата акдемска година во октомври ќе ги повика претставниците на студентските организации, за да имаат координативен состанок на оваа тема.