Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

МНРиНТ: 25 години по 11 септември им оддаваме почит на оние кои беа на првите линии, цврсто стоиме до САД во борбата против тероризмот

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска по повод 25…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска по повод 25 годишнината од нападите во САД од 11 септември нагласи дека државата останува цврсто со САД во спротивставувањето на тероризмот и во заштитата на мирот, слободата и демократијата.

-Дваесет и пет години по 11 Септември, се сеќаваме на невините животи што беа изгубени и им оддаваме почит на исклучителната храброст на оние кои беа на првите линии. Цврсто стоиме до САД во спротивставувањето на тероризмот и во заштитата на мирот, слободата и демократијата. Никогаш нема да заборавиме стои во објавата на МНРиНТ на социјалната мрежа Икс.

Во терористичките напади, извршени од припадници на Ал Каеда кои киднапираа четири патнички авиони, загинаа речиси три илјади луѓе. Два авиона удрија во кулите на Светскиот трговски центар, еден во Пентагон, каде што се наоѓа Министерството за одбрана, а четвртиот се урна во Пенсилванија, откако патниците во авионот се спротивставија и се обидоа да ги совладаат киднаперите. И 25 години подоцна останува нејасно која била целта на четвртиот авион. Инаку, голем е и бројот лица кои починаа подоцна, од здравствени проблеми последица на напади.