Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Фискалната стабилност, даночната предвидливост и регионалната соработка-клучни за одржлив економски раст на Западен Балкан

Сегашни и поранешни министри за финансии од дома и регионот, докажани економисти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сегашни и поранешни министри за финансии од дома и регионот, докажани економисти и банкари оценија дека фискалната консолидација треба да биде паметна и стратешка, со зачувување на јавните инвестиции кои ја поддржуваат продуктивноста и долгорочниот економски раст.

„Во однос на предизвиците во регионот, голем фокус е насочен кон одржливоста на јавните финансии, како и на кој начин јавните финансии можат да придонесат во однос на сите глобални предизвици. Имаме и вечни предизвици, а тоа е балансот меѓу фискалната одржливост и поттикот на економскиот раст, значи БДП. Сите земји се сега под дополнителни притисоци, бидејќи се зголемени и издвојувањата за одбраната. Тоа е неминовно, што е дополнителен притисок на тој ограничен фискален маневар којшто го има секоја од земјите. За секој министер за финансии овие околности се предизвикувачка ситуација“, истакна Здравко Мариќ, поранешен министер за финансии на Хрватска, за време на конференцијата.

Истовремено, фискалниот простор треба внимателно да се користи во услови на надворешни шокови, при што мерките за поддршка на домаќинствата и бизнисите треба да бидат таргетирани, временски ограничени и пропорционални.

Реклама

Финансиските лидери од регионот посебен акцент ставија на значењето на даночната предвидливост. Како што беше истакнато, за бизнисите не се важни само даночните стапки, туку и стабилноста на правилата и регулаторното опкружување. Предвидливиот систем создава поголема сигурност за планирање, инвестирање и носење долгорочни деловни одлуки, а истовремено придонесува за подобра наплата на јавните приходи и намалување на сивата економија.

Горан Пекез, извршниот директор за корпорации и комуникации на „Japan Tobacco International“ го потенцира учеството на приватниот сектор во обезбедувањето економска стабилност во земјите од регионот:

„Japan Tobacco International е еден од најважните плаќачи на данок во целиот регион. Во овој регион лани плативме 925 милиони евра даноци, а оваа година таргетираме една милијарда. Со тоа што сме важен партнер, нашата индустрија бара директно учество во развојот на даночните политики. Само за илустрација-во Македонија придонесуваме со 6 проценти од вкупните даночни приходи секоја година, во Косово придонесуваме со 9 проценти. Со тоа што придонесуваме во голема мерка, се надеваме дека денешната конфереција ќе овозможи заедно да планираме постепени и стабилни политики коишто ќе придонесат овие даночни приходи да бидат стабилни“.

На конференцијата беше нагласено и дека европското финансирање ќе има сè поголемо значење за Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија. Приоритет не треба да биде само апсорпцијата на расположливите средства, туку нивното насочување кон проекти и сектори кои создаваат најголема додадена вредност, продуктивност и економски поврат.

Регионалната конференција Охрид 2026 е организирана од Балканскиот економски форум (БЕФ), под покровителство на Министерството за финансии, со поддршка од JTI. Конференцијата претставува регионална платформа за дијалог меѓу креаторите на економски и фискални политики, институциите и приватниот сектор за прашања што ги обликуваат јавните финансии, конкурентноста и економската отпорност во Западен Балкан.