Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Струмица одбележа 82 години од ослободувањето

-Денеска на Спомен костурницата над градот со пригодна свеченост беше одбележана осумдесет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Денеска на Спомен костурницата над градот со пригодна свеченост беше одбележана осумдесет и двегодишнината од ослободувањето на Струмица.

За значењето на празникот говореше градоначалникот, Петар Јанков.

-Тоа бил ден на кој конечно можеле да веруваат дека завршува едно тешко време и дека пред нив се отвора можност да го обноват својот град и својот живот. Слободата дојде како резултат на борбата на оние кои не се помириле со окупацијата и кои, често со сопствениот живот, го платиле патот до тој ден. Затоа денес, кога го одбележуваме 11 Септември, не се сеќаваме само на ослободувањето на Струмица, туку и на луѓето кои го направија тоа ослободување возможно, рече Јанков.

Реклама

Претставници на Советот на општината, политички партии, институции и здруженија на граѓани положија цвеќе пред местото каде се положени посмртните останки на паднатите борци во Спомен костурницата, а рецитатори од Домот за млади и деца „Благој Мучето“ од Струмица изведоа пригоден рецитал за Денот на ослободувањето на градот.

Чествувањата по повод Денот на ослободувањето на Струмица продолжуваат вечер со отворање на традиционалната изложба од делата создадени на годинашнава Меѓународна струмичка ликовна колонија во НУЦК „Антон Панов“.